Корисни совети и препораки, 1 нормални работни звуци, 2 совети за штедење енергија – Electrolux ENF2440AOW Manuel d'utilisation
Page 134: 3 совети за ладење свежа храна, 4 совети за ладење, 5 совети за смрзнување

134 www.electrolux.com
5.1
Нормални работни звуци
• кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. тоа е
нормално.
• кога компресорот е вклучен, средството за
ладење се пумпа низ системот и од него
ќе слушате звуци на шумење и тропање.
тоа е нормално.
• термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на пукање.
тоа е природен, безопасен физички
феномен. тоа е нормално.
5.2
Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
5.3
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
•
не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
•
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
5.4
Совети за ладење
корисни совети:
Месо (сите видови): виткајте го во пластични
кесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења итн..: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки
за нив.
Путер и сирење: тие треба да се во
посебните херметички садови или завиткани
во алуминиумска фолија или пластични
ќесички за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче
и да се ставаат на полицата за шишиња на
вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
5.5
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
• максималната количина на храна којашто
може да биде смрзната во рок од 24 часа е
прикажана на плочката со спецификации;
• смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да
се додава храна за смрзнување во тој
период;
• смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се смрзне и
за да овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
• завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;
• не дозволувајте свежата несмрзната храна
да ја допира храната што е веќе смрзната,
за да не ја загреете;
• посната храна се чува подобро и подолго
од мрсната; солта го намалува животот на
смрзната храна;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата
на замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
• препорачливо е да се запише датумот
на смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
5.
корисни совети и препораки