3 секојдневна употреба, 4 нега и чистење, 5 монтажа – Electrolux ENF2440AOW Manuel d'utilisation
Page 130: 6 сервисирање

130 www.electrolux.com
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него. Постои
опасност од струен удар или пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата за внатрешно
осветлување.
• Овој апарат е тежок. Бидете внимателни
кога го преместувате.
• Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни затоа што тоа
може да предизвика гребење на кожата и
смрзнатини.
• Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
1.3
Секојдневна употреба
• Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
• Не чувајте запаливи гасови и течности
во апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
• Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
• Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
• Мора строго да се почитуваат препораките
на производителот за чување на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
• Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во
садот, што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот
• Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатини ако се
конзумираат веднаш.
1.
Ако е предвидено капаче за
светилката
2.
Ако апаратот е со заштита од
смрзнување
3.
Ако е предвидено водоводно
поврзување
1.4
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот
и извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
• Не чистете го апаратот со метални
предмети.
• Не користете остри предмети за вадење
на мразот од апаратот. користете
пластична гребалка.
• Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
1.5
Монтажа
МонТаЖа!
За електричното поврзување, внимателно
постапете според упатствата дадени во
одделните пасуси.
• Распакувајте го апаратот и проверете
да не е оштетен. Не приклучувајте го
апаратот ако е оштетен. Пријавете ги
евентуалните оштетувања веднаш таму
каде што сте го купиле апаратот. Во тој
случај, престанете со распакување.
• Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
• Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид,
за да не биде можно допирање или
фаќање на топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
• Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
• Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
• Поврзувајте само со довод на вода за
пиење.
1.6
Сервисирање
• Електричните работи потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
извршува квалификуван електричар или
компетентно лице.
• Производот мора да го сервисира
овластен Сервисен центар и мора да
се користат само оригинални резервни
делови.