3 секојдневна употреба, 4 одржување и чистење, 5 местење – Electrolux EC2233AOW Manuel d'utilisation
Page 36: 6 сервисирање, 7 заштита на животната средина

оштетен приклучок за во штекер може
да се прегрее и да предизвика пожар.
3.
Внимавајте кабелот за струја на
апаратот да е пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
• Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
• Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатини.
• Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
• Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
1.3 Секојдневна употреба
• Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
• Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
• Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворот за воздух на задниот
ѕид. (Ако апаратот е со заштита од
замрзнување)
• Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
• Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
• Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
• Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
• Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
1.4 Одржување и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
• Не чистете го апаратот со метални
предмети.
• Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластична
гребалка.
1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
• Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Веднаш пријавете ги
евентуалните оштетувања таму каде што
сте го купиле апаратот. Во тој случај,
престанете со распакување.
• Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
• Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
• Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
• Внимавајте приклучникот за струја да е
пристапен по местењето на апаратот.
1.6 Сервисирање
• Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
• Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
1.7 Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може
да го оштетат озонскиот слој ниту во
36 www.electrolux.com